ПОЧЕТОК БЕЗ КРАЈ e проект на ликовните уметници Ана Ивановска и Ангел Миов кој во организација на НУ Музеј Куманово и ЗПРУ Кибер Панк Куманово беше изложен во Ликовната галерија — Куманово. Делото е една несекојдневна форма на ликовен израз кој подразбира амбиентална мултимедијална инсталација, поточно објект поставен на подот од галеријата и видео-арт проектиран на плафонот проследен со звуци. Делото покрај својата визуелна функција претставува и една комплексна содржина којa кај публиката побудува емоции и прашања поврзани со човековите размисли за постоењето, вечноста, патот и времето. Самиот наслов насочува на едно читање кое треба да воведе кон поставување на вечните прашања но и еден конкретен миг од вечноста која е преточена во дело кое е „Почеток без крај”.