ПРОСВЕТЛУВАЊЕ, XVI Зимски салон на ДЛУМ, „Нивоа на нашата свест“, Национална галерија на Македонија, објект Чифте Амам, Скопје, Македонија (2016)
Последното ниво на нашата свест — спознавање на Апсолутната реалност или просветлување. Комбинацијата на квадратот и кругот го симболизира единството на земјата и небото, односно душата (психата како топка) и телото (реалноста). Преминот од материјалниот кон духовниот свет. Белите крила само го нагласуваат стремежот за возвишување кон духовното. Тие се слика на рамнотежа на двете половини, слевање во дуалистичкото единство од кое потекнува сиот живот. Сферата — на пиедестал во центарот на делото, најсовршена, најуниверзална од формите и значајна за разбирање на чинот на креација е главната форма од која настанало сè во почетокот. Таа е најзначаен симбол за целосност, интегритет и неограничен центар на космосот.