ПОРТА — ИЗГРЕВ И ЗАЛЕЗ, „Патување“, интернационална изложба на Корејски и Македонски уметници, Национална галерија на Македонија — објект Мала Станица, Скопје, Македонија (2016)
Сè што егзистира има зачеток и крај — настанува, постои и исчезнува, од небиднината во бидувањето и повторно во небиднина — Хераклит
Животната сила, минливоста на времето и неговите циклични ритмови, животниот циклус т.е циклусот на природата: раѓање, живот, смрт и повторно раѓање е претставено во инсталацијата „Порта — изгрев и залез“.
Портата е влез во нов живот од која сè се раѓа и сè друго произлегува. Таа е заштитничкиот аспект на Големата Мајка, прамајката на сè што постои. Од неа извира сè, во неа се враќа сè. Таа е раѓање, живот и смрт, изгрев и залез на човековата животна патека — непредвидливата река.