ДОДЕКА СМРТТА НЕ НÈ РАЗДЕЛИ
Дело создадено од покани за венчавка и остатоци од хартија создадени од сечењето на нивната специфична форма. Се состои од три дела кои претставуваат чувства и моменти временски поврзани со развојот на брачниот живот – минато, сегашност и иднина. Самиот наслов претставува еден од заветите што сопружниците ги даваат на нивната венчавка, ветувајќи дека ќе останат во добро и лошо заедно до нивната смрт.