ВРЕМЕНСКА ЕКСТАЗА, Француско-Македонска колаборативна изложба „Повратен билет“, Theatre De L’ Hotel De Ville, Ле Авр, Франција (2018)
„Временска екстаза“ претставува амбиентална мултимедијална инсталација со поставеност на подот и две видео-арт проекции. Делото е варијација на геометриската шема со изглед на цвет и симетрична структура на шестоаголник наречена „Цвеќе на животот“, заснована на принципите на светата геометрија, пронајдена на разни места низ целиот свет, вклучувајќи ја и територијата на Македонија.
Двете видео проекции се прикажуваат истовремено каде симболично се претставува раѓање и смрт на човековата животна патека, односно на цел универзум. Ова дело ја претставува живототворната енергија на Сонцето, минливоста на времето, животниот циклус кој бесконечно се повторува, циклусот на природата: раѓање, живот, смрт и одново раѓање, растеж и почеток на нов циклус во животот.