ОТПЕЧАТОК е инсталација создадена врз визуелна ритмичка игра на црни и бели керамички цилиндрични објекти. Повторувајќи и следејќи одреден редослед, тие создаваат голем стилизиран отпечаток кој го претставува идентитетот на еден човек. Очите отпечатени на плексиглас во внатрешноста на керамичките објекти заедно со кружните огледала кои даваат рефлексија создаваат оптичка илузија на длабочина (ефект на двоглед) симболизирајќи ги оние „разбудени“ поединци кои се повеќе самосвесни за себеси и светот околу нив.