МАЃЕПСАН КРУГ
Делото ја преиспитува состојбата на жената во традиционалното општество и на родово-општествените позиции во кругот на наследена општествена подреденост кој постојано се повторува.
Таа, жената е секогаш со секојдневни активности, обврски и задачи, додека излезот и желбата за слободен избор се постојано потиснувани од различни конзервативни авторитети. Делото со сензибилитет на женската природа го потенцира социјалниот притисок, конфликтот помеѓу мојата личност и општествените конвенции, кодификации и рамки.