УНИВЕРЗУМИ ВО УНИВЕРЗУМ е дело создадено со мултиплицирање на мали парчиња од платно кои преклопувајќи се, создаваат сложена хексагонална геометриска композиција и има структура, која потсетува и е во корелација со идејата за геометриските шеми на спиритуална мандала која се користи во медитација. Начинот на редење на парчињата платно создава динамична просторна игра на бои и облици кои притоа создаваат ритам и градација. Потсилувањето на експресијата и сугерирањето на одредена динамика има директно влијание врз чувствата на набљудувачот: илузија на движење, простор, активна сила.
Во природата среќаваме геометриски модели и структури кои се меѓусебно поврзани и следат одредени геометриски архетипи, геометриски структури што ни ја откриваат природата на секоја форма. Тоа го претставува светото заедништво на сите нешта создадени од природата. Токму ваквото гледиште за природата на нештата е појдовната идеја на ова дело. Затоа, ова дело функционира во просторот преку јазикот на симболите и зборува за идејата за „едното што го создава мноштвото“.