Делото СОЛИДАРНОСТ е посветено на 50 години од катастрофалниот земјотрес кој го разурна главниот град Скопје во 1963 година. Подоцна, градот бил обновен од страна на донации од земји од целиот свет. Како носечки симбол во средишниот централен дел го содржи симболот на меѓународната организација ,,Црвен Крст”. Кружниот облик на делото ја претставува нераскинливата врска помеѓу луѓето, тоа е кругот на хуманост, заедништво, единство.