Геометриската шема на ова подно дело со наслов АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ СО МАГИЧНОТО КИЛИМЧЕ содржи градација на впишан круг во квадрат кое има симболично значење а тоа е преминот од материјалниот кон духовниот свет. Насловот на инсталацијата директно укажува на добропознатиот „магичен килим” на Аладин од арапските бајки „Илјада и една ноќ“. Магијата на килимот произлегува од способноста да лета носејќи го Аладин каде ќе посака. Па и ова дело повикува на ослободување на мислата и фантазијата кон едно поинакво доживување на светот, кон метафизичката страна. Предизвикува да ги согледаме нештата од поинаков аспект, да го согледаме морето на потенцијали што егзистира околу нас, да го задржиме детскиот дух во себе, да дозволиме да нè понесе и да „летнеме“ во светот на фантазијата и бајките каде сè е возможно штом ќе се зачекори на магичното килимче.